За нас
Коки Д Компани - Скопје е основана во 1981 година и е лоцирана во населба Јурумлери, Скопје. Во почетокот своето работење го започнува како самостоен занаетчиски дуќан, а денес е прерасната во производна фирма со 16 вработени за производство на широк асортиман на производи од пластични маси и вештачки смоли кои конкурираат на домашниот и странскиот пазар.
Согледувајќи ја својата улога на овие простори, како водечка фирма во оваа област, потребата од зацврснување и подобрување на рејтингот на фирмата, менаџментот се определи за воведување и континуирано подобрување на систем за квалитет по меѓународниот стандард ISO 9001:2008 што ја потврдува трајната определба на Коки Д Компани.
Превземајќи ја обврската од стандардот ISO 9001:2008 менаџментот воден од директорот и сопственик на фирмата, превзема обврска уште повеќе да води сметка за континуитетот во подобрување на своите производи како и задоволување на вработените во фирмата и околината што ја опкружува.
Во насока на модернизација и зголемување на обемот на производството, компанијата се стреми кон компјутеризација и автоматизација на процесите. Заради подобрување на пласманот на производите се воведуваат нови современи пакувања, а сите производи се кодираат со сопствен бар-код систем.